Количината на снег што паѓа оваа зима во Битлис, провинцијата со најмногу снежни врнежи во Туркије, се приближи до девет метри. Во Битлис, каде што почнаа првите снежни врнежи оваа зима на 9 декември 2021 година, количината на снег што падна во март изнесува речиси девет метри.

Висината на снегот во Битлис по последните врнежи од снег е измерена на 8,37 сантиметри. Снежните врнежи продолжуваат непречено во Битлис, кој поради обилните снежни врнежи е познат како престолнина на снегот. Животот во градот запре поради врнежите.

Додека голем број возила останаа под снегот, со снег беа покриени и приземните (оп. куќи). Граѓаните кои сакаа да стигнат до своите домови најдоа решение во правење снежни тунели. Наведувајќи дека снегот е резервоар на вода за животните и растенијата,  „Иако е средината на март, кај нас сè уште врне снег изјавил Мехмет Али Акарсу, Според метеоролошките податоци годинава наврнале осум метри снег. Изгледа дека пролетта ќе задоцни малку оваа година“.