Русите се простија од „Инстаграм“, кој беше згаснат од руската влада за да се спречи, како што се наведува, антируската пропаганда, а некои популарни руски социјални мрежи почнаа да се враќаат. Официјална Москва го затвори пристапот до Инстаграм, обвинувајќи ја нејзината матична компанија Мета и сопственикот Марк Цукерберг дека замижуваат пред повиците за насилство врз Русите. Руската реалити ѕвезда Олга Бузова, која имаше втора по големина публика во Русија со 23 милиони следбеници, изрази „неверување и очај“ во прошталната најава.
Таа, сепак, е оптимист дека нејзината работа би можела да продолжи на други платформи. Модната блогерка Карина Нигај, која може да се пофали со три милиони следбеници, се уште не прифатила дека нема да има „Инстаграм“. Но, повеќето руски блогери на Инстаграм објавија дека се свртуваат кон платформата VK, рускиот еквивалент на Facebook. Меѓу руските платформи за социјални медиуми, „ВК“ е најблиску по своите карактеристики до „Инстаграм“ Русите се свртуваат и кон „Телеграм“, мрежа која веќе е многу популарна во Русија и низ поранешните советски земји.









