Вежбите на НАТО на територијата на членка на Норвешка, која дели копнена граница со Русија во должина од речиси 200 километри, ќе се одржат на само неколку стотини километри од руската граница и се планирани многу пред руската инвазија на Украина. Русија одби да биде набљудувач на воената вежба чија цел е да се соберат членовите на Алијансата и нивните партнери за вежбање заедничка работа на копно, во воздух и на море, соопштија норвешките вооружени сили.

Тие во соопштението наведоа дека им дале „сеопфатни информации“ на Русите, вклучително и на руското Министерство за одбрана, додавајќи дека тоа е „од витално значење за да се спречат недоразбирања и непотребни конфликти“. Маневрите, кои се одржуваат секоја година, треба да завршат на 1 април, пренесува АП.