Поранешниот американски претседател Барак Обама, кој е и еден од најголемите корона хистеричари, денеска објави дека бил позитивен на тестот за коронавирус. Обама е позитивен на корона, и покрај тоа што бил вакциниран три пати. Обама на Твитер порача дека се чувствува добро, но дека го боли грлото.

Грлото ми се чеша веќе неколку дена, но инаку се чувствувам добро“, напиша Обама. Тој нагласи дека тој и неговата сопруга Мишел Обама примиле три дози од вакцината. Поранешниот претседател на САД изјави дека Мишел Обама била негативна на коронавирус.

„Тоа е потсетник да се вакцинирате ако веќе не сте го направиле, иако бројот на случаи се намалува“, рече Обама, сакајќи да продолжи со промоцијата на вакцинацијата.