Украинските вооружени сили соопштија дека Руската армија се подготвува да го заземе главниот град Киев, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Според информациите што ги поседуваме, непријателот се подготвува за нов обид да го заземе Киев“, се вели во соопштението на прес-службата на Вооружените сили на Украина.
Исто така, во соопштението се забележува дека руските војници, по неуспешниот напад се обидуваат повторно да започнат операција на градот Фастив.









