После 14 години од прекинувањето на дипломатските односи со Турција денес во официјална посета на Турција пристигна претседателот на Израел Јицак Херцог.

Израелскиот претседател, беше пречекан со сите државни почести и од страна на Турскиот претседател кој беше пречекан пред претседателската палата во Анкара.

Целта, како пренесуваат турските медиуми е Турција и Израел, кои од 2008 година минуваа низ напната фаза, да фги норнмализираат своитѕе односи, и тоа во сенка на новите искушенија во источна Европа, и со тоа да се отвори ново поглавје во билатералните односи.

Во декември 2008 година, тогашниот премиер на Израел Ехуд Олмер беше во посета на главниот град на Турција. Тоа беше последна посета на некој израелски функционер на Анкара.

Херцог му се заблагодари на Ердоган што го пречека со највисоки почести во претседателскиот комплекс Бестепе во Анкара. „Благодарен сум на претседателот Реџеп Тајип Ердоган за топлото добредојде во претседателскиот комплекс“, напишал на Твитер Херцог, додавајќи: „Целосно верувам дека сите народи, верувања и држави во нашиот регион можат и треба да живеат во мир и дека партнерствата ќе ни донесат просперитет на сите нас.