Пакистанскиот премиер Имран Кан претрпе жестоки критики од Западот затоа што одби да ја осуди руската интервенција во Украина.

Западните амбасадори во Исламабад испратија заедничко писмо до премиерот Кан во кое го повикуваат Пакистан да се приклучи на резолуцијата со која се осудува руската интервенција. И покрај тоа, Пакистан не гласаше за резолуцијата. Коментирајќи го притисокот врз неговата земја, Имран Кан рече: „Дали сме ваши робови, па очекувате да направиме се што ќе ни кажете?“

Пакистан до неодамна беше близок сојузник на САД, но сега гради добри односи со Русија. Премиерот Кан истакна дека над 80.000 Пакистанци биле убиени за време на американската инвазија на Авганистан, повеќето од напади со беспилотни летала.