По наредба на претседателот Владимир Путин, руската влада состави список на странски земји и територии кои преземаат непријателски дејствија против Москва, соопшти владината прес-служба.
Како што се прецизира, владата го утврдила списокот на странски земји и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, руските компании и граѓани. Наредбата за тоа е потпишана, се наведува во соопштението.
На списокот се Австралија, Албанија, Андора, Велика Британија (вклучувајќи ги Џерси, Ангвила, Британските Девствени Острови, Гибралтар), земјите членки на Европската унија, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, „Сан Марино , Северна Македонија, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Црна Гора, Швајцарија и Јапонија“, додаваат од прес-службата.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ според кој руската влада во рок од два дена треба да ја утврди листата на земји кои преземаат „непријателски дејствија“ против Русија, соопшти прес-службата на Кремљ.









