Палестина се соочува со притисок да заземе став за руската војна во Украина, изјави палестинскиот министер за надворешни работи.
„Ние сме под притисок да заземеме став за она што се случува во Украина“, изјави Ријад ал Малики, за официјалната палестинска телевизија.
„Секако дека притисокот ќе продолжи врз нас во сите правци, како и врз сите други земји да заземе став за украинската криза“, додаде тој.
Главниот дипломат истакна дека Палестинците се оградуваат од актуелниот конфликт во Украина.
„Ние сме земја под окупација. Не можеме да го издржиме товарот да заземеме став во корист на една страна на сметка на друга и да го реперкусираме тој став врз нас“, додаде тој.
„Anadolu“
„Dubai-Portal“










