[Видео] Украина: Татко го испраќа своето семејство на побезбедно место, тој останува да го брани Киев
– Игор Кириенко (39) едвај ги задржуваше солзите додека се збогуваше со своето семејство, кое го гледаше од прозорецот на вагонот на железничката станица во Киев, главниот град на Украина.
Тој ги качи на воз своите две семејства, сопругата, поранешната сопруга, двете деца, мајката, тетката и бабата, во железнички вагон за да ги испрати на побезбедно место, додека тој останува во родниот град да го брани.
„Едно од моите момчиња е аутистично“, изјави тој за Агенција Анадолија, додека солзи му се слеваа по лицето.
Руските воздушни и копнени напади во Украина продолжуваат веќе 11 дена, многу луѓе стравуваат дали повторно ќе ги видат своите блиски.

Anadolu Agency