Мамука Мамулашвили, командант на Легијата на странски доброволци во Украина, вели дека досега двајца Албанци заминале во Украина да се борат против Русија. Во интервју за Еуроњуз Албанија, Мамулашвили изјавил дека очекува доаѓање на уште 30-тина Албанци, кои се пријавиле „преку контакти од социјалните мрежи“ да се борат против рускиот агресор. „Има двајца албански доброволци кои се борат со нас. Тие дојдоа да им помогнат на Украинците да ја одбранат својата земја. Тие дојдоа по почетокот на конфликтот. Апликации има од Албанија, но се уште не стигнале. Има речиси 20-30 апликации“, изјавил тој.
Командантот на Легијата на странски доброволци вели дека ниту еден од доброволците не бил платен, туку заминале таму поради „идеалите на демократијата“ и „да ја заштитат Украина од руски геноцид“. „Откако Албанците го преживеаја геноцидот, истото се случува и овде.
„Русите намерно убиваат жени и деца во големи размери“, изјавил Мамулашвили.
Овој борец вели дека досега немало жртви во нивната група и покрај тоа што руските сили 30 пати ги бомбардирале нивните позиции со хеликоптери. Мамулашвили изјавил дека Русија користи балистички ракети во Украина со намерно бомбардирање на населени места. Тој истакнува дека од својата 14-та година бил заробен од руските сили за време на окупацијата на Грузија во 2008 година и бил држен во неколку затвори во Русија. Тој се бори во Украина осум години откако Русија го анектираше Крим во 2014 година.
Извор:Н1.инфо









