Западот сака да ја „турне“ Белорусија во војната во Украина за нашите граници да останат незаштитени, изјави претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, пренесува државната агенција „Belta“, пренесува „Dubai-Portal“.

Според белорускиот претседател, „после тоа брзо би завршиле со нас, бидејќи не би можеле ниту да се вратиме од Украина за да се заштитиме“.

„Ова е тактика. Нивната стратегија е попатно да се пресметаат со Русија и со нас, за да не почнувале повторно – како во август 2020 година. Ги сфативме нивните планови и не само тоа: имаме доволно информации во прилог на тоа“, објасни Лукашенко.

Претходно, белорускиот претседател изјави дека Белорусија никогаш немала намера да војува со Украина и никогаш не ги распоредила своите вооружени сили таму.


„Belta“
„Dubai-Portal“