Wednesday, April 15, 2026
Home Руско-украинска војна Параолимпијада во Пекинг: Забрана за учество на спортистите од Русија и од...

Параолимпијада во Пекинг: Забрана за учество на спортистите од Русија и од Белорусија

205
0

На вкупно 83 спортисти од Русија и од Белорусија им е забрането учество на параолимписките игри во Пекинг, соопшти Интернационалниот параолимписки комитет утрово, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Сојузот цврсто верува дека спортот и политиката не треба да се мешаат, но војната, сепак, пронајде пат до овие Игри и многу влади имаат задкулисно влијание на нив, рече Ендрју Парсонс, претседател на параолимпискиот комитет.

Според неговите зборови, одлуката е донесена поради безбедност и сигурност на спортистите, бидејќи ситуацијата во олимпиското село станувала „сè понапната до ниво на неиздржливост“.

Парсонс притоа додаде дека параолимписки комитет од повеќе држави се заканиле со повлекување од настанот, доколку на спортистите од Русија и од Белорусија им биде дозволено да се натпреваруваат, а евентуалното нивно повлекување би ги направило Параолимписките игри неодржливи.

Nova Tv