Saturday, July 25, 2026
Home Свет Лавров: „Третата светска војна ќе биде нуклеарна“

Лавров: „Третата светска војна ќе биде нуклеарна“

297
0

„Третата светска војна ќе биде нуклеарна“, предупреди шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров и додаде дека таков судир би бил разорувачки.

Специјалната руска операција во Украина беше почната со цел да се разоружа актуелниот режим во Киев и да се спречи да набави нуклеарно оружје, изјави Лавров во интервју за „Ал Џазира“, пренесува руската агенцијата ТАСС.

„Воената операција во Украина, вклучително и во Киев, има за цел разоружување на Украина. Русија нема да дозволи Украина да добие нуклеарно оружје, пренесе „Ал Џазира“, цитирајќи го Лавров.

Тој порача дека руската страна е подготвена за втората рунда преговори, но украинската страна игра по налог на САД и се обидува да го развлекува процесот.

Како што нагласи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков преговорите најверојатно ќе се одржат вечерва во место на полско-белоруската граница.


Nova Tv