Sunday, May 5, 2024
Home Свет Нов скок на цената на нафтата: Барел во Лондон за 109 долари,...

Нов скок на цената на нафтата: Барел во Лондон за 109 долари, во САД – 108,5 долари

8
0

Цените на нафтата утринава скокнаа за повеќе од четири отсто, во услови кога трговците стравуваат од прекини во снабдувањето со нафта во Русија.

Цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за 4,43 отсто, на 109,62 долари и во еден момент достигна 111,09 долари што претставува највисоко ниво во повеќе од седум години.

На американскиот пазар барелот поскапе за 4,48 отсто на 108,04 долари.

Nova Tv