Saturday, May 18, 2024
Home Руско-украинска војна Украина демантира дека Русите го освоиле Херсон: Некои делови се под наша...

Украина демантира дека Русите го освоиле Херсон: Некои делови се под наша контрола

9
0

Украинското Министерство за одбрана ги демантира информациите дека јужниот град Херсон паднал во раце на Русите, јави дописникот на „Си-Ен-Ен“ од Киев.

Според информациите од нашата бригада, во моментов се водат борби. Градот не е целосно заземен, некои делови се под наша контрола, изјавил портпаролот на Министерството.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека руски војници го зазеле градот Херсон во јужна Украина. Според руски извештаи, руските сили синоќа влегле во Херсон и руската армија синоќа била на улиците на градот.

Градоначалникот на Херсон, Игор Коликаев утрово информира дека многу луѓе загинале, вклучително и украински војници и цивили, а владините претставници сега се обидуваат да обезбедат луѓето да го напуштат градот или да се засолнат.

„Синоќа додека јас и мојот тим бевме во градското собрание, зградата беше гранатирана. Сите се живи. Но, повторно ве замолувам: не излегувајте од дома. Не предизвикувајте пукање со вашите постапки и однесување. Ние сме во многу тешка ситуација, нема потреба да ја влошуваме. Денеска ќе работам за да најдам начин како да се соберат мртвите, како да се врати струјата, гасот, водата и топлината каде што се оштетени. Но, веднаш ве предупредувам: да ги исполниш овие задачи денес значи да направиш чудо. Сега сите чекаме чудо. Тоа ни треба, напиша Коликаев на Фејсбук.


Nova Tv