ХАРКОВ (АА) ‒ Во последните 24 часа во ракетните напади што ги изврши Руската армија врз украинскиот град Харков, животот го загубија 21 цивил, а 112 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Харков, Олех Синиехубов, преку својот профил на Телеграм соопшти дека градот бил изложен на интензивен ракетен и артилериски оган од Руската армија во последните 24 часа, а руските механизирани трупи се обиделе да нападнат од североисточниот и северниот дел на градот.
Истакнувајќи дека сите напади биле одбиени, Синиехубов истакна дека заплениле повеќе од 40 возила на Руската армија.
Синиехубов истакна дека руски авиони „Су-25“ го бомбардирале аеродромот во Чухуив, во Харковската област, а украинските војници собориле авион на Руската армија.
Гувернерот Синиехубов додаде дека во последните 24 часа во руските напади загинале 21 украински цивил, а 112 се повредени.
‒ Нападнати се и полициската станица и Универзитетот –
Руската армија која продолжи со нападите, утрово со проектили ја погоди зградата на регионалната полициска канцеларија во Харков и кампусот на Универзитетот „Каразин“.
По ракетниот напад, зградата, која се наоѓа на главната улица, е разурната.
Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот, додека спасувачките екипи напорно работат на отстранување на остатоците.
‒ Руската армија се обидува да напредува кон Киев –
Од друга страна, Генералштабот на Украина на својата официјална страница издаде соопштение за седмиот ден од рускиот напад.
Во соопштението се наведува дека руските сили се обидуваат да напредуваат кон главниот град Киев од север и северозапад.
Во соопштението се наведува дека обидите на руските сили да ги заземат градовите Суми, Лебедин и Октирка биле неуспешни, а руските сили се обиделе да го опколат и градот Мариупол во областа Доњецк.
Соопштено е дека Русите распоредиле поморска група во оперативниот регион на Црното Море.
Меѓу другото, во соопштението се наведува дека руските сили не успеале да напредуваат, а била бомбардираниаклучната инфраструктура на Украинската армија.
Anadolu Agency









