Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андреј Јермак тврди дека барањето на Украина за членство во ЕУ е прифатено и регистрирано.

“Во моментов се разhleduva“, објавиl Јермак на Твитер. Тој потсетува дека претседателот на Украина Володимир Зеленски вчера го потпиша барањето за членство на Украина во Европската унија по забрзана постапка. Амбасадорот на Украина во Кралството Холандија, Всеволод Ченцов, претходно објави дека барањето на Украина за членство во ЕУ го доставил до Филип Леглис Коста, постојан претставник на Франција во ЕУ, која претседава со Советот на ЕУ. „Апликацијата е регистрирана. Процесот е започнат“, напиша Ченцов на Твитер, пренесува Танјуг.