Преговорите меѓу Русија и Украина завршија, пренесува руски „Тасс“.

Преговарачите ќе се вратат во своите земји на консултации пред вториот круг преговори, пренесе „РИА“, повикувајќи се на својот извор. Преговорите почнаа изутрината со цел итен прекин на огнот и повлекување на руските сили, соопштија претходно од кабинетот на украинскиот претседател.

„Клучното прашање е итен прекин на огнот и повлекување на војниците од украинска територија“, се вели во соопштението.

Белорускиот министер за надворешни работи Владимир Макеи, ги пречека делегациите на двете земји, уверувајќи ги дека треба да се чувствуваат „целосно безбедно“.

„Почитувани пријатели, претседателот на Белорусија ме замоли да ви посакам добредојде и да обезбедам сè за вашата работа, како што е договорено со претседателот Зеленски и претседателот Путин. Можеби овде се чувствувате сосема безбедно. Тоа е наша света должност“, рече Макеи.

„Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, искрено се надева дека за време на денешните разговори ќе биде можно да се најдат решенија за сите прашања од оваа криза. Сите Белоруси се молат за ова. Сите предлози, во однос на организирањето на денешниот состанок, ќе бидат разгледани и апсолутно исполнети“, додаде тој, нагласувајќи дека со нетрпение ги очекува резултатите.

Во украинската делегација, меѓу другите, беа и министерот за одбрана Олексеј Резников и претседателскиот советник Михајло Подољак.

Пред почетокот на преговорите, Москва рече дека сака да постигне „договор“, додека нејзината офанзива се чинеше дека наиде на поголем отпор од очекуваното.

„Секој час додека се одолговлекува конфликтот, умираат украински граѓани и војници. „Се договоривме дека треба да постигнеме договор, но тоа мора да биде во интерес на двете страни“, изјави рускиот преговарач и советник во Кремљ, Владимир Медински.


„N1“
„Dubai-Portal“