Вкупно 12 европски земји досега го затворија својот воздушен простор за Русија, известува Агенција Анадолија (АА).

Велика Британија, Бугарија, Чешка, Полска, Романија, Словенија, Латвија, Литванија и Естонија одлучија да го затворат својот воздушен простор за авионите од Русија.

Како одговор, Русија првенствено го затвори својот воздушен простор за Велика Британија, Бугарија, Чешка, Полска и Романија.

Руската федерална агенција за воздушен сообраќај (Rosaviatsiya) утрово соопшти дека воздушниот простор исто така е затворен и за авионите на Литванија, Латвија, Словенија и Естонија. Се нагласува дека забраната за наведените земји е донесена како одговор на забраната за летови на руските авиони во тие земји.

Во соопштението се наведува дека одлуката ги опфаќа и транзитните летови.

Германија и Италија денес соопштија дека го затвораат својот воздушен простор за авионите од Русија поради агресијата врз Украина.

Anadolu Agency