АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, соопшти дека работат на евакуација на 6.600 турски државјани кои побараа евакуација од Украина, известува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи за вложените напори за организирање преговори меѓу Русија и Украина, Чавушоглу истакна: „Многу сме задоволни од одлуката на Русија и Украина да одржат состанок.“
Шефот на турската дипломатија изјави дека состојбата на територијата на Украина добила димензии на војна и дека „Транспарентно ќе ги спроведеме сите одредби на Конвенцијата од Монтре“.
Anadolu Agency










