Како што знаете, со настапувањето на Акшам намаз, ни пристигнува Мубарек ноќ-та Лејлетул Мираџ, како што знаете секоја година ја одбележуваме оваа благословена вечер која е многу важна за нас муслиманите, бидејќи Лејлету-л-Мираџ всушнот е поврзан со нашиот пратеник Мухаммед а.с како и доаѓањето на предстојниот мубарек месец Рамазан.
Мухаммед а.с во ова вечер, со одредба на Семоќниот Господар Аллах џ.ш, го поминал патот од Мека до Ерусалим, односно од Месџиду-л-Харам до Месџиду-л-Акса, каде го предводел намазот на сите претходни Пратеници (Исра) . Подоцна на Мухаммед а.с му била укажана и честа на воздигнување во високите небеса, седум-те небеса (Мираџ).
Ова патување на пратеникот Мухаммед а.с како што гледаме споменато е во Кур`анот и воедно тоа е друга муџиза на Пратеникот а.с по важност после Кур`анот. За овој настан истотака Пратеникот зборува и во многу хадиси. Исра , духовно и телесно го означува патувањето на Пратеникот Мухаммед а.с од Месџиду-л-Харам од Мека, до Месџиду-л-Акса во Кудс, далечина која изнесува 40 денови и ноќи пешачење, додека Мираџ-от го означува патувањето од Месџиду-л-Акса до највисокото небо, односно “Сидрету-л-Мунтеха “Sidretu-l-Muntehaa”., накратко ни изјави имамот Сефоски.
Линк: DubaiTV









