Неколку часа откако Русија ги започна нападите врз Украина во четвртокот, Киев побара од Турција да ги затвори Босфорот и Дарданелите за руските бродови.

Според Конвенцијата од Монтре од 1936 година, Турција има контрола врз минувањето на бродовите меѓу Средоземното Море и Црното Море, што ја прави клучен играч во тековниот конфликт меѓу Украина и Русија.

Еве повеќе за конвенцијата и нејзините импликации за руско-украинскиот конфликт:

Што вели конвенцијата

Во 1936 година, светските сили, вклучително и Обединетото Кралство, Советскиот Сојуз и Франција, се согласија во Монтре, Швајцарија, дека Турција ги контролира Босфорот и Дарданелите како резултат на нејзината блиска близина со Русија, Украина, Романија, Бугарија и Грузија, на Црното Море.

Покрај контролата на морињата, Конвенцијата и дава овластување на Турција да го регулира транзитот на поморските воени бродови, вклучувајќи го и затворањето на морињата за сите странски воени бродови за време на војната.

Турција, исто така, може да го одбие преминувањето на трговските бродови, доколку тие се од земји во војна со Анкара.

Сите црноморски земји, вклучувајќи ги Русија, Украина, Бугарија, Романија и Грузија, кои сакаат да испратат бродови преку морето, мора да ја известат Турција осум дена однапред. За споредба, земјите кои не се во Црното Море мора да известат 15 дена однапред.

Сепак, земјите од Црното Море можат да испраќаат подморници без претходна најава, се додека тие се изградени, купени или испратени на поправка надвор од Црното Море.

За време на Втората светска војна, конвенцијата ги спречи силите на Оската да испратат поморски сили преку морето за да го нападнат Советскиот Сојуз.

Досегашната позиција на Турција

Како што се зголемија тензиите во последните недели меѓу Украина и Русија, Турција рече дека конвекцијата од Монтре е клучна за зачувување на регионалниот мир.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган, рече дека Турција ќе направи се што е потребно како сојузник во НАТО, без дополнително објаснување,доколку Русија изврши инвазија.

Додека Турција се потпира на Русија во областа на енергетиката и туризмот и разви блиска соработка со Москва во последниве години, таа исто така продаваше дронови на Украина и ги нарече неприфатливи потезите на Русија против Украина.

Но, Ердоган рече дека Турција ќе се обиде да управува со секој конфликт меѓу двете нации, без да ги напушти врските со Русија или Украина.