Русите го исклучија Фејсбук затоа што мрежата на Цукерберг цензурирала неколку руски медиуми

by Administrator

Рускиот надзорник за медиуми  го ограничува пристапот до Facebook поради „цензура“, објави Роскомнадзор со ограничување на пристапот до оваа социјална платформа BigTech од 25 февруари, откако го прогласи за виновен за „кршење на човековите права и слободи на Русите“. Надзорниот орган реагираше на фактот дека Фејсбук цензурираше 4 руски медиуми: Звезда, РИА Новости, Лента.ру и Газета.ру; во последните 24 часа и нема добиено никаков одговор на барањата веднаш да го врати целосниот пристап. „Овие ограничувања ги прекршуваат принципите за слободно ширење на информации и пристап до нив“, објаснува Роскомнадзор во соопштението. Мета платформата не даде објаснувања за причините за дискриминаторските мерки.

Нулта точка / RT

You may also like