АНКАРА (АА) ‒ Турската Црвена полумесечина денеска ќе испрати конвој со хуманитарна помош во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Испраќаме конвој со хуманитарна помош во Украина за да одговориме на итните основни потреби, во координација со Црвениот крст на Украина“, соопшти на Твитер Керем Киник, претседателот на турската Црвена полумесечина.

„Нашите тимови се распоредени во регионот со шатори за складирање, шатори од семеен тип и мобилни угостителски возила за #IDP [внатрешно раселени лица]“, додаде Киник.

Пркосејќи им на заканите за санкции од страна на Западот, Москва официјално ги призна Доњецк и Луганск како независни држави претходно оваа недела, по што во четвртокот започна воена операција во Украина.

Тензиите започна да ескалираат на крајот на минатата година кога Украина, САД и нивните сојузници ја обвинија Русија дека собира десетици илјади војници на границата со Украина.

Тие тврдеа дека Русија се подготвува за инвазија на нејзиниот западен сосед, обвинувања кои постојано беа отфрлани од Русија.

Anadolu Agency