Брод во турска сопственост што пловел по Црното Море бил погоден од бомба во близина на брегот на украинскиот пристанишен град Одеса, соопштија денес властите на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Поморските власти на Турција соопштија дека нема жртви во инцидентот, кој дојде откако Русија започна воена операција во Украина во четвртокот рано наутро. Во соопштението се додава дека бродот Јаса Јупитер, под знаме на Маршалските Острови и во сопственост на Турција, не испратил барање за помош и безбедно испловил кон романските територијални води.