Украинскиот претседател, претходно, ги повика светските лидери да обезбедат помош за да се заштити воздушниот простор на Украина

 

Руските сили го зазеле аеродромот „Антонов“, кој се наоѓа на 20 километри од Киев, јавија новинари на Си-ен-ен.

„Тоа се војниците што ги гледате, тоа се војници од руските воздухопловни сили. Тие го зазедоа аеродромот“, напишаа новинари на „Си-ен-ен“, на „Твитер“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно, ги повика светските лидери да обезбедат помош во одбраната со цел да се заштити воздушниот простор на Украина од Русија.


360 stepeni