Израелскиот претседател Исак Херцог, во денес (среда) потврди дека ќе ја посети Турција и ќе се обиде да формира регионален сојуз за климатските промени за време на патувањето, објавија турските медиуми, додавајќи дека сè се случува во време на подобрување на односите меѓу двете земји по долгогодишни тензии.

Иако неговата позиција е главно церемонијална, Херцог ја засилува израелската дипломатија со цел да ги подобри односите со Анкара, пишува „Дејли Сабах“ („Dily Sabah“).

„Следниот месец ќе ги посетам нашите медитерански соседи Грција, Кипар и Турција и ќе се сретнам со нивните лидери“, рече тој на конференцијата за климата, додавајќи дека сака да создаде „регионално партнерство за справување со климатската криза“ со три земји (Египет, Јордан, ОАЕ), како и со Палестинците.

Турските медиуми објавија дека, Херцог ќе ја посети Турција на 9-ти и 10-ти март, додека претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе има разговори за енергетска соработка.

Ново поглавје

Ердоган минатиот месец рече дека посетата на Херцог може да отвори ново поглавје во односите меѓу Турција и Израел.

Односите меѓу Турција и Израел беа на многу ниско ниво откако израелските командоси упаднаа на турскиот хуманитарен брод Мави Мармара, кој превезуваше хуманитарна помош за блокираниот Појас Газа. Во таа прилика беа убиени 10 активисти.

Исто така, двете земји ги протераа амбасадорите на вториот во 2018 година по новконфликт и оттогаш се затегнати односите. Во последните месеци Анкара и Тел Авив работеа на подобрување на врските, додаваат медиумите.


„TimesofIsrael – Reuters“
„Dubai-Portal“