Saturday, April 18, 2026
Home Свет Украина: Претседателот Зеленски повика на мобилизација на резервистите

Украина: Претседателот Зеленски повика на мобилизација на резервистите

104
0

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ги повика воените резервисти да се јават во Министерството за одбрана поради регрутација што е поттикната од трупањето на руска војска на границата, но засега ја исклучи можноста за општа мобилизација.

Зеленски порача дека и натаму трага по дипломатско решение на кризата, нагласувајќи дека „Украина нема да препушти ниту дел од територијата на Русија“.

Мојот приоритет е зачувување на сувереноста и територијалниот интегритет на Украина, рече Зеленски, па додаде оти ги поздравува санкциите што западните земји ги воведоа за Русија.

Европската Унија и САД во текот на денот воведоа пакет на санкции кон Русија по вчерашниот указ на претседателот Владимир Путин за признавање на независноста на Доњецк и Луганск.

Nova Tv