АЗАЗ (АА) – Најмалку едно лице загина во бомбашки напад во северниот сириски пограничен град Азаз, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлозивна направа поставена во автомобил е активирана во центарот на Азаз, кој е под контрола на сириската опозиција.
Потврдено е дека во терористичкиот напад е убиено едно лице, а локалните безбедносни сили претпоставуваат дека зад нападот стои терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК истрела минофрлачки проектили врз области исчистени од терористи во северна Сирија.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница, „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019) во северна Сирија, за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на населението.
Целта на овие операции беше ослободување на граничната зона од терористичките организации, спречување на формирање терористички коридор и воспоставување безбедна зона за цивили.
Во терористичката кампања против Турција, што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
Anadolu Agency










