Москва ги признава ЛНР и ДНР во границите во кои лидерите на републиките ги извршуваат своите овластувања, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко, пишува „Rusija1“, пренесува „Dubai-Portal“.
„Во границите во кои раководството на ЛНР и ДНР ги остварува своите овластувања и јурисдикција“, им објасни Руденко на новинарите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ги признава ДНР и ЛНР во границите во кои тие ја прогласија својата независност.
Лидерот на ДНР, Денис Пушилин, истакна дека границите на Доњецката Народна Република, ќе бидат во рамките на регионот Доњецк.
„Во Уставот на Народна Република Доњецк, во Уставот на Луганската Народна Република, границите се во рамките на регионите Доњецк и Луганск“, рече Пушилин за каналот „Русија 1“.
Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на самопрогласените Луганска и Доњецка народна република и и нареди на руската армија да обезбеди мир во Донбас.










