Поранешниот руски претседател Димитриј Медведев денеска изјави дека Москва можеби ќе мора да ја признае независноста на двете отцепени републики во источна Украина доколку ситуацијата таму не се подобри, нешто што тој го смета за малку веројатно, пренесува Ројтерс.

Медведев, сега заменик-претседател на рускиот совет за безбедност, му рече на претседателот Владимир Путин дека верува оти мнозинството Руси ќе ја поддржат независноста на двата региони, во кои, како што рече, живеат околу 800.000 руски граѓани.

Sloboden pecat