Friday, May 1, 2026
Home Свет НАТО почна воени вежби во Полска: „Saber strike 2022“ како одговор на...

НАТО почна воени вежби во Полска: „Saber strike 2022“ како одговор на тензиите околу Украина

141
0

Долго планираните воени вежби на НАТО „Saber Strike 2022“ денеска почнаа во Полска, во моменти на ќор-сокакот во односите меѓу Русија и Западот околу Украина, јави агенцијата ДПА.

Во меѓународните воени вежби учествуваат околу 1.300 полски војници, се наведува во соопштението на полската армија.

Тренинг вежбите како „Sabre Strike 2022“ се планирани однапред и не се поврзани со некоја тековна операција, се додава во соопштението на полската армија.

„Маневрите се фокусирани на северниот дел на земјата, изјави портпаролката на полските вооружени сили за ДПА.

Полска се граничи со Украина на југоисток. Во маневарот учествуваат и војници од САД и други земји од НАТО.


Nova Tv