Поранешниот израелски премиер, Ехуд Барак (Ehud Barak), изјави дека не се чувствува виновен за убиството на палестинските граѓани на Израел за време на почетокот на Втората Интифада, во 2000 година.
Во октомври истата година, избија протести меѓу Палестинците низ Израел против полициската бруталност и солидарноста со Палестинците кои се соочуваат со насилство во окупираниот Ерусалим и Појасот Газа.
Полицијата застрела 13 невооружени Палестинци во пресрет на демонстрациите, кои израелските медиуми вообичаено ги нарекуваат „немири“.
Говорејќи во интервју за Једиот Ахронот (Yedioth Ahronoth) во петокот, Барак (Barak) – кој беше премиер помеѓу 1999 и 2001 година – рече дека ситуацијата во 2000 година била слична на „зоолошка градина“, додека „немири се случиле низ Јудеја (Yudea) и Самариа (Samaria)“, користејќи го името кое многумина Израелците му даваат на окупираниот Западен Брег (occupie West Bank).
„Што се однесува до арапските граѓани на Израел кои беа убиени, јас немам вина“, додаде тој.
Барак, кој исто така беше министер за одбрана на поранешниот премиер, Бенјамин Нетанјаху (Benjamin Netanyahu), од 2007 до 2013 година, претходно се извини во 2019 година за убиство на палестински граѓани во Израел.
Иако Интифадата, во која загинаа повеќе од 3.000 Палестинци и повеќе од 1.000 Израелци, заврши во 2005 година, Палестинците продолжија да се соочуваат со убиства и насилство од страна на израелските безбедносни службеници.
Израелските сили застрелаа и убијае Палестинец во близина на градот Рамала (Ramallah) на окупраниот Западнен Брег (occupied West Bank), во вторникот, соопшти Министерството за здравство.
Нихад ал Баргути (Nihad al-Bargouthi) (20) им подлегна на прострелните рани во пределот на стомакот, откако израелските војници го застрелаа на влезот во селото Наби Салех (Nabi Saleh, северозападно од Рамала (Ramallah).
Тој „беше ладнокрвно убиен и сред бел ден“, рече неговиот брат Ихаб Баргути (Ihab Bargouthi).
Очевидец изјавил за локалната новинска агенција Quds News Network (QNN) дека околу пет војници дошле во селото, од блискиот воен пункт.
Ги дочекаа млади демонстранти, но немаше фрлање камења или друго насилство кога Баргути и другите селани дојдоа да видат што се случува.
Барак (Barak) му рекол на Џедиот Ахронот (Yedioth Ahronoth), дека Палестинците се „слон во соба“ во израелската политика.
„Оваа влада не е зрела за политичкиот процес, ниту Палестинците. Но Израел не може да биде еврејски, демократски и доминантен во Јудеја и Самарија во исто време“, изјави тој за агенцијата.
„Израел мора да ја признае идејата за две држави бидејќи стануваме полоши кон земја со муслиманско мнозинство, а тоа е централната закана за Израел“.
Yedioth Ahronoth










