ВАШИНГТОН (АА) – Американското разузнавање сооопшти интересно тврдење дека Путин дал наредба за напад на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во веста што ја објави „Вашингтон пост“ (Washington Post) и телевизијата „Си-ен-ен“ (CNN) базирана на американските функционери се истакнува дека американското разузнавање има информации дека наредбата на Путин за започнување на напад врз Украина е стигната кај командантите на армијата.

Исто така се тврди дека оваа информација дошла до Вашингтон минатата недела и дека американскиот претседател Џо Бајден и министерот за надворешни работи Ентони Блинкен, базирајќи се на овие разузнавачки информации, дале изјави дека Путин одлучил дека ќе ја нападне Украина.

Се дискутира дека е можно оваа информација да е пуштена од Русија, со единствена цел да доведе до заблуда.

Бајден во петокот рече дека е убеден дека Путин одлучил да ја нападне Украина и дека руската армија може да го нападне Киев.

Од друга страна, Блинкен во изјавата за телевизијата „Си-ен-ен“ (CNN) дадена во недела, активностите на Русија во регионот ги толкуваше како почеток на вистински процес на инвазија.


„Anadolu Agency“