Како што јавуваат светските медиуми, украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски заедно со група пратеници и 25 странски новинари биле на удар во Донбас.
Оваа информација денеска за медиумите ја објави неговиот советник. Наводниот инцидент се случил во близина на селото Новолуганское во самопрогласената Народна Република Доњецк, пренесува Russia Today. „Штотуку гранатирани се министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, група пратеници, како и 25 странски новинари. За чудо, никој не е повреден“, напишал на Фејсбук советникот Антон Герашченко, додавајќи дека новинарите од Си-Ен-Ен, Фокс Њуз, Вашингтон пост, Њујорк Тајмс и Гласот на Америка имале можност да видат“ кој всушност се подготвува да нападне мирна Украина“ Украина ја обвинува Русија дека се обидува да создаде изговор за инвазијата. Москва категорично ги отфрли обвинувањата.
Во петокот, сепаратистичките региони Доњецк и Луганск најавија итна евакуација на цивили во Русија, повикувајќи се на страв од непосредна закана од „пробив“ од страна на украинските сили, што и Киев го негира.
The Minister of Defense of Ukraine Reznikov said that Kiev is not planning an offensive, but will not allow their positions to be shelled.
— 301🇦🇲 (@301_AD) February 19, 2022









