Sunday, June 7, 2026
Home Свет Одлука за сите основни и средни училишта во Србија: Од понеделник на...

Одлука за сите основни и средни училишта во Србија: Од понеделник на настава со физичко присуство

126
0

Во сите основни и средни училишта во Србија од понеделник ќе се применува моделот на настава со физичко присуство, одлучи Тимот за следење и координирање на примената на превентивните мерки во работата на училиштата, јави дописникот на МИА од Белград.

Според податоци од надзорот преземен од електронскиот систем „Служба за јавно здравје“ кој до Министерството за образование, наука и технолошки развој го достави Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, бројот на болни деца на училишна возраст од 6 до 18 години во периодот од 9 до 17 февруари 2022 година изнесувал 3.200 или 0,42 отсто, се наведува во соопштението на Министерството за образование, наука и технолошки развој.

Учеството на деца на училишна возраст во вкупниот број потврдени случаи на ковид-19 во истиот период изнесува 4,3 отсто, се наведува во соопштенеито.

Nova Tv