Русија, наспроти тврдењата дека „во секој момент може да ја нападне Украина“ го објави следното соопштение: „Властите и медиумите на западните земји започнаа заговор за ескалација на вештачката тензија околу Украина.“

Во објавеното соопштение од страна на руското Министерство за надворешни работи се истакнува следното: „Се врши координиран информативен напад врз Москва за да се дискредитираат оправданите барања на Русија за безбедносни гаранции. Властите и медиумите на западните земји започнаа заговор за ескалација на вештачката тензија околу Украина.“

Во меѓувреме, Кремљ (претседателскиот дворец на Русија) соопшти дека вечерва е планиран телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека на барање на американската страна на 12 февруари, во сабота, е планиран телефонски разговор меѓу претседателот Владимир Путин и претседателот на САД Џо Бајден.