Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, по остварената посета на принцот престолонаследник на Абу Даби шеик Мухамед бин Зајед Ал Нахјан на 24 ноември 2021 година на Турција, следната недела, на 14 и 15 февруари, ќе престојува во возвратна посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Ердоган за време на оваа негова посета ќе оствари низа средби и разговори во Абу Даби и Дубаи.
Планирано е претседателот Ердоган да го отвори свечено „Турскиот национален ден“ на Дубаи Експо и овде да се состане со деловни луѓе.
Освен тоа, по инвестицискиот процес меѓу двете земји што започна на 24 ноември 2021 година се предвидува да бидат потпишани и нови договори.










