Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, шефот на кабинетот на Никола Груевски – Мартин Протоѓер, како и уште петмина други обвинети во  случајот „Титаник“ признаа вина на денешното судско рочиште.

Тие се обвинети во случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство(СЈО)– „Титаник“за злосторничко здружување и кривични дела поврзани со изборни злоупотреби. Првообвинет во групата е бегалецот Никола Груевски, обвинет за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Јанкулоска призна вина за три дела коишто и се ставаат на товар, а Протоѓер и Јанакиески не сметаат дека се виновни само за злоупотребата на средствата за финансирање на изборната кампања. Дел од обвинетите се извинија за направената штета, некои велат дека преземаат одговорност од морален аспект, трети се повикуваат на помилувањата од страна на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, укажувајќи дека судскиот процес воопшто не ни требал да започне.

Повеќе на:DW