Јавното претпријатие Водовод и канализација Струга за месечна кирија за просториите каде што се сместени плаќаат по 3.170 евра месечно. На денешната седница на Советот, некои до опозициските советници побараа одговорност за тоа, тврдејќи дека реалната месечна закупнина во станбениот објект е околу 200-300 евра.
Или 28.000 евра за девет месеци. Општината да имаше барем малку чувство за претприемништво, тогаш само од наемнините коишто се наоѓаат во зградата на Фати, би можеле за четиригодишен мандат да изградат зграда, каде што ќе се сместени добар дел од овие јавни претпријатија…“ , вели Никола Кукунеш-советник од ВМРО ДПМНЕ.
„За киријата, јас ви давам предлог, кога општината ќе се префрли во стариот објект на училиштето, добро е Водовод-Проаква, да се префрли во сегашната зграда на општината и така нема да плаќате за кирија, односно ќе имате нула трошоци.“, вели Арѓент Аласани-советник од Алијанса на Албанците.
Повеќе на:alsat.mk










