Израелската полиција денес во окупираниот Источен Ал Кудс (Источен Ерусалим) уапсила 12 Палестинци, меѓу кои шест малолетници, јави Анадолија. Во полициското соопштение се вели дека уапсените биле приведени во населбите Ал Тур и Исавија поради наводна вмешаност во „немири“ во источен Ал Кудс минатата недела.

Канал 14 објави дека меѓу приведените има и шест малолетници. Израелскиот суд во петокот го продолжи притворот на 13 Палестинци уапсени за време на судирите со израелските сили во окупираниот град минатата недела. Палестинските невладини организации проценуваат дека има околу 4.650 палестински затвореници во израелските затвори, вклучувајќи најмалку 160 малолетници и 34 жени.