Во просториите на Министерството за образование и наука, градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко заедно со Министерот Јетон Шаќири, потпишаа договор за изградба на спортска сала во с. Дологожда во Струга.
Во растењето на здрави генерации, еден од пресудните фактори е квалитетното физичкото образование кои ги поттикнуваат учениците да спортуваат и да постигнуваат повисоки резултати. Затоа, Oпштина Струга во соработка со Владата и МОН со вложувања и изградба на нови објекти создава подобри услови каде децата ќе можат да ги реализираат часовите и други спортски активности.
Спортската сала во с.Делогожда ќе биде наменета за различни видови спортови, како ракомет, кошарка, одбојка, мал фудбал и гимнастика.
Продолжуваме со гигантски проекти, работејќи за подобар град и позадоволни граѓани!
Извор: Општина Струга









