Берлин – Во Берлин започна собир на граѓани кои се против одлуката на германската влада да воведе задолжителна вакцинација. Граѓаните на Берлин доаѓаат да протестираат пред Бундестагот, германскиот парламент, на кој се расправа за владиниот предлог. Според платените медиуми Германија денеска поставила нов рекорд по бројот на новозаразени со коронавирус со 164.000 заразени за еден ден. Пред една недела, бројот на новозаразени веќе беил на високи 112.323 и продолжи да расте со ширењето на соевите на омикрон.
Во моментов, во Германија, 75% од целите примиле најмалку една доза од вакцината, што е најниска стапка во Западна Европа, каде што другите земји имаат стапки од 80 до 86%.
Германскиот парламент расправа дали, како и во соседна Австрија, ќе се воведе обврска за вакцинирање за сите полнолетни граѓани или само за постарите од 50 години или за одредени групи луѓе. Луѓето кои се против воведувањето задолжителна вакцинација денеска ќе протестираат пред зградата на Бундестагот, но најавена е и контра средба.
Во изминатите неколку протести во Германија, на улиците на германските градови имаше жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Нулта точка / Агенции









