Поради обилните снежни врнежи во Турција, сообраќајот во многу градови во последните денови е во прекин и отежнат во повеќето делови на Турција. Поради тоа во колоната застанаа многу возачи. За малку да им олесни, полицијата на возачите кои чекаа на студ им делеше чај и симит. Возачите беа многу среќни и благодарни за овој гест.