Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ застана во одбрана на својот добар пријател, најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ. Поранешниот шведски репрезентативец и голгетер на Пари Сен Жермен проговори за тиражниот француски неделник „Журнал ди диманш“. Иако популарниот Ибра е вакциниран против коронавирусот, тој смета дека никој не треба да биде принуден на такво нешто, особено да му забранува некому да си ја врши работата.

– Зошто се вакциниравте? – го прашал новинарот на Ибрахимовиќ.

Еве каков одговор уследи од добриот пријател на Новак Ѓоковиќ.

– Го направив тоа за да се заштитам себеси и другите. Да се ​​вакцинираш од здравствени причини не е исто како кога го правиш за да играш на тениски турнир. Тие што се вакцинираат веруваат дека вакцината ќе го спречи ширењето на инфекцијата, дека на сите ќе ни биде полесно, но секој има свое мислење. Луѓето не треба да бидат принудени да се вакцинираат само за да си ја завршат работата. Бев вакциниран за да се заштитам, да не можам да играм фудбал. Тоа се две сосема различни работи – изјави Ибрахимовиќ.