Тојота ќе прекине во јануари ќе прекине поголем дел од производството отколку што неодамна беше најавено. Инфекцијата со Ковид 19 кај работниците во автомобилската индустрија ја забави испораката на делови, објави компанијата. Поради проблеми во испораките, кои доаѓаат во време на недостиг на полупроводници, планираното производство овој месец ќе биде намалено за 65.000 возила или 18.000 повеќе отколку што беше најавено минатата недела, изјави портпаролот на компанијата, пренесува Хина. Тојота ќе се обиде да го надомести загубеното производство во февруари, додаде портпаролот.Компанијата минатата недела објави дека очекува да не го достигне планираното годишно производство од девет милиони возила бидејќи немаат доволно чипови. Деловната година во јапонскиот производител завршува на 31 март, потсетува Ројтерс.