Во турскиот град Анталија, популарна туристичка атракција, падна снег по 29 години. На изненадување, но и на радост на жителите на Анталија, снегот почна да паѓа синоќа, а продолжува со врнежите. Снегот во Анталија последен пат падна во 1993 година, а изнесуваше околу пет сантиметри. Граѓаните не го криеја ентузијазмот и среќата поради снегот, па излегоа надвор, гушнати и уживаа во снежната глетка.

 

Извор:balkannews