И официјално, од синоќа Дубаи портал во рамките на предвидениот план програма за проширување во областа од информирањето, од синоќа (16.01.2022) започна со тест емитување на видео стриминг на Дубаи интернет телевизија, на фејсбук профилот на админот :https://www.facebook.com/.

Според предвидениот план, Дубаи Интернет Телевизија ќе биде во можност да врши соодветно емитување во лајв (живо) од било кој дел на Македонија и пошироко. Што се однесува до програмската шема, предвидено е таа да биде проширена со информативен дел (информации, документарни емисии и др..)

Во делот од програмската шема, би сакале да ве известиме дека ќе има и простор за ваши било какви известувања и реакции. Предвиден е простор за нашата дијаспора (печалбари) со посета од наша страна во деловите на Европа ( Словенија, Италија, Германија, Швајцарија, Белгија и се онаму па дури каде што има и еден наш печалбар.

Имајќи ја во предвид техничката опременост Дубаи Интернет ТВ комплетно ќе може да одговори на сите видови на видео пренос од било кој настани, и емисии кои би биле водени во живо, потпирајќи се и на сопствени сервери за емитување преку интернет,

Бидејќи сеуште сме во фаза на тестирање кое ќе може да потрае неколку дена, се надеваме дека нашите посетители ќе имаат разбирање за одредени недостатоци, кои ќе зависат од нас или пак од интернет провајдерите.

За подобар пристап на нашиот сигнал, во тек е тестирање на пренос преку андроид системите, а тоа значи дека нашите посетители ќе можат покрај преку мобилните телефони и фејсбук профилите да не следат директно и на ТВ, без и било какви конекции.

Покрај тоа, во тек е и иѕработка на интернет веб страна и соодветен профил на соцојалните мрежи: Фејсбук, Твитер, Телеграм,Јутјуб.

Притоа би сакале да напоменеме дека се запазени сите законски правни норми, и авторски права од страна на оние физички или правни лица кои тоа ќе го побараат од нас.

Сите потребни информации наскоро ќе може да ги добиете на нашата интернет веб страна која е во тек на изработка, и наскоро ќе ви биде ставена на располагање.

Ве очекување на вашата поддршка.

Ваша Дубаи интернет телевизија.