Специјалниот пратеник на Светската здравствена организација за ковид-19, Дејвид Набаро, изјави дека крајот на пандемијата е на повидок. Набаро изрази страв „дека сме принудени на маратон со вирус и дека не постои правилен начин да се каже дека сме на крајот, туку само дека крајот е на повидок“. „Сè уште не сме стигнале до таа точка, а пред да стигнеме до неа, ќе има уште потешкотии“, изјавил Набаро, пренесува лондонскиот весник „Гардијан“.
Експертот на СЗО потврди дека коронавирусот продолжува да се развива и најави појава на нови соеви дури и по омикрон. „Ќе биде тешко барем во следните три месеци“, рече Набаро и потсети дека коронавирусот се појавува во амплитуди – почнува драматично да се шири, потоа се смирува, а потоа повторно се шири периодично на секои три или четири месеци. „Тешко е да се предвиди идното однесување на вирусот врз основа на неговото однесување во минатото. Да се живее со Ковид-19 значи да се биде во можност да се подготвите за овие амплитуди и да реагирате навистина брзо кога ќе се случат. „Мораме да го почитуваме вирусот, што значи дека треба да имаме навистина елаборирани планови како да се соочиме и да се бориме со брановите на епидемијата“, истакна Набаро.
Извор:Нулта точка / Танјуг









